Невладините „Форца Египќани“, „Светла иднина 2009“ и ОПЕМ, викендов доделија новогодишни пакетчиња, зимски капути и друга топла облека на социјално ранливи категории граѓани.
 
Исто така тие доделија новогодишни пакетчиња во Детското одделение при ЈЗУ Општа болница – Охрид.

На овој начин овие организации на граѓаните им ги честитаат новогодишните празници, најавувајќи уште хуманитарни проекти  на 2013 година.

OhridNews