По повод патронатниот празник, ОЕМУЦ „Св Наум Охридски“, деновиве, организираше пригодна манифестација на која учениците се претставија со своја драмска изведба во режија на проф. Благица Хаџи Јованоска.
По тој повод младинската организација при центарот организираше хуманитарна акција, при што ги посети децата со посебни потреби во дневниот центар во црквата „Св Ѓоргија“ и им подари новогодишни пакетчиња на згрижените дечиња.
Во рамки на свеченоста беше организирана продажба на храна и изложба на уметнички фотографии изработени од ученици од центарот: Климент Плевнароски, Васко Филчески, Јован Петрески и Марија Новеска, сите ученици во четврта година.
На свеченоста, директорот на центарот Бошко Силјаноски додели пригодни награди на учениците кои достојно го претставуваа центарот на државни и меѓународни натпревари.