Продолжуваат донациите за потребите на детската градинка ,,Јасна Ристеска“.

Најновата пристигна од  ,,Здружението на возачи“ и охридската фирма „ Андрос“, кои донираа ТВ приемник и ДВД, на кои децата во централниот објект и во градинката „ Развигорче“,  во салата за групни активности ќе можат да ги следат бројните детски емисии, бајки , музички фестивали и слично.


Особена благодарност упатуваме и до Савеска Климентина која донира сет атлетски реквизити и ТВ-приемник во објектот, детска градинка „ Росица“, во која пред неколку години беше згрижена нејзината внука Тара која со тешко срце кажуваме дека повеќе не е меѓу нас, прерано згасна еден цвет,еден млад живот, велат од детската градинка .


Атлетските реквизити ќе се користат при физичкото и здравствено воспитување на најмладите во детската градинка.

OhridNews