Во чест на 34-тиот роденден на најголемата македонска музичка ѕвезда, Тоше Проески, во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид во сабота на 24 јануари ќе се одржи голем хуманитарен концерт.
Иницијатори за концертот се неговите фанови од Охрид, кои потенцираат дека да се чекори по патот на големиот Тоше и да се следат неговите хумани дела е пред сѐ чест, но и обврска за секој млад човек. Тоше Проески има само датум на раѓање и цела вечност за паметење, додаваат тие.
Концертот го поддржуваат и лајанс клубовите од Охрид кои ќе партиципираат со купување влезници.
На концертот ќе настапат млади музички таленти, како и хорот при охридската гимназија кои ќе изведуваат песни од Тоше.
Влезницата е со симболична цена од 100 денари, а средствата собрани од концертот ќе бидат наменети за Дневниот центар за лица со попреченост „Зраци“.
OhridNews












