
Во сабота од 12 до 15 часот посетителите во Зоолошка градина Скопје ќе имаат можност да се дружат и забавуваат со Дизни ликовите Мики и Мини Маус, а притоа и да донираат за Сара на која итно и е потребна трансплантација на коскена срж.
Во Зоо Скопје веќе неколку дена е поставена и кутија за донации, па и на самиот влез граѓаните може да донираат и да бидат хумани.
-Да се обединиме сите за Сара! – порачуваат од Зоолошка градина Скопје.
OhridNews











