Во понеделник од 20 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ ќе биде прикажана претставата „Како ми го уништија детството“, во организација на Црвениот крст од Охрид во соработка со студиотот за танц „Соната“.

Се работи за мултимедијален хуманитарен проект, во кој преку музика, танц, филм и поезија се раскажува за последиците од војната, врз еден млад живот.

Претставата содржи и вистински снимки од воени злосторства и светлосните ефектипоради што не се препорачува за чуствителни лица и лица кои страдаат од епилепсија.

Цената не влезници е симболична и изнесува 50 денари, а собраните средства се наменети за помош на 6 годишно девојче кое боледува од леукемија.

Инаку, проектот се реализира во рамките на ЦКА- ПХВ програмата, која оваа година е поддржана од страна CIRA во рамките на програмата Civica Mobilatas.

OhridNews