Како одговор на прогласената епидемија и 30-дневната кризна состојба во Гостивар, Црвен крст на РСМ – Општинска организација Охрид информира дека се приклучува на граѓанската иницијатива за итна помош на погоденото население.
Гостивар во моментов се соочува со сериозен недостиг на безбедна вода за пиење. Затоа, го отвораме нашиот магацински простор како пункт за донирање вода. Може да се донира исклучиво флаширана (пакувана) вода за пиење, велат од Црвен крст Охрид.
Локацијата за донација е на пунктот во магацинот на Црвен крст Охрид, ул. “Кленоец” 2А, секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот / викенд од 10:00 до 14:00 часот, а Црвен крст на РСМ општинска организација Охрид за целата собрана количина на вода ќе обезбеди транспорт директно до најпогодените семејства и институции во Гостивар.
Секој граѓанин може да помогне. Да покажеме солидарност кога е најпотребно!, апелираат од Црвен крст Охрид.
OhridNews













