Во организација на Клубот на жени при СДСМ, по повод новогодишните и божиќни празници, во недела со почеток во 12 часот ќе се оддржи традиционална хуманитарна акција насловена „ Дарувај од срце“.

Хуманите граѓани ќе може да донираат топла облека и обувки кои потоа ќе бидат предадени во канцелариите на Црвениот крст-Охрид со цел да стигнат до повеќе социјално загрозени семејства.

Активноста ќе се реализира пред седиштето на општинскиот Црвен крст.

Во организација на локалните клубови на жени на СДСМ  слични акции се организираат и низ останатите градови во земјава.

OhridNews