Форумот на жени на ОО СДСМ Охрид во соработка со Црвениот крст на град Охрид традиционално ја реализира хуманитарната акција “Дарувај од срце”.

Акцијата се состоеше од донирање на облека и обувки која Црвениот крст ќе ја дистрибуира до нашите граѓани на кои помошта им е најпотребна. Со оваа акција Форумот на жени на СДСМ ОО Охрид има за цел да ја потикне јавната свест во насока на ублажување на егзистенционалните проблеми на граѓаните и да го ублажи човековото страдање. – информираат од Форумот на жени на ОО СДСМ Охрид.

OhridNews