По повод Светскиот ден за борба против гладта Лајонс клуб „Деница“ донира десетина пакети со зимница и храна за социјално загрозените семејства од Охрид и околината .
Актуелната претседателка на клубот, лајон Лила Вучетиќ истакна дека со ваквите и слични активности се потикнува колективната свест за донирање , а мотото на „Деница“ е дека малку е повеќе од ништо , особено ако се вложат време, ентузијазам и емпатија кон луѓето од околината.
Лајонс клуб „Деница“ е женски клуб , формиран во април минатата година и има остварено неколку хуманитарни акции .
OhridNews