Петок, сабота и недела навивачката група „Рибари“ на градскиот плоштад во Охрид ќе постави кутија за донирање на финансиски средства кои ќе му бидат лично доделени на охриѓанецот Роберт Николоски кој се соочи со загуба, откако му изгоре куќата.

„Рибарите“ упатуваат апел од сите хумани охриѓани да му помогнат на Роберт Николоски и тој и како сите други во топла атмосфера во својот дом да ги прослави празниците кои следуваат.

OhridNews