Основното училиште „Дебрца“организира хуманитарна акција по повод новогодишните празници под мотото од „Дете за дете“.
-Нашите ученици заедно со нивните родители и наставници активно се вклучија во оваа хуманитарна акција,покажувајќи ја својата солидарност и детска топлина за нивните другарчиња,на кои им е потребна поддршка.Во акцијата се приклучија и градоначалникот на општина Дебрца и директорот на јавното комунално претпријатие Дебрца,информираат од ОУ Дебрца.
Новогодишните подароци ќе бидат дониранирани за децата од социјално загрозените семејства во Дебрца.
OhridNews