Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ се приклучува на акцијата за обезбедување помош на настраданото население од поплавите во Скопје и Тетово.

За таа цел отвора пункт во своите простории каде жителите на Охрид и околината можат да донираат помош.Согласно информациите добиени од терен Црвениот крст на РМ апелира да се донираат следниве артикли: конзервирана храна, бебешка храна и пелени, вода за пиење, средства за хигиена, средства за дезинфекција. Донациите може да се достават во просториите на Универзитетот, ул.:„Партизанска“ б.б. секој ден од 10:00 до 16:00 часот.

OhridNews