На иницијатива на учениците и вработените од ОУ„Дебрца“ с.Белчишта, денеска во Требеништа се одржа голема хуманитарна акција и свечен хепенинг под мотото „Учениците даруваат, учениците спасуваат“.
На хуманитарната акција се донираше конзервирана храна, облека, средства за хигиена и вода, кои ќе бидат донирани за настраданите од поплавените подрачја во регионот.
Исто така, учениците имаа можност да се запознаат со работата на Црвениот крст, да се дружат во повеќе спортски игри, односно да изработуваат оригами.
Инаку, акцијата ја подржа општина Дебарца, Црвениот крст, пекара Илинче, Мила –Охрид, Омега експрес и Дебарца експрес.
OhridNews