Ротари и Ротаракт Клубот Охрид, заедно со Македонската Мисија за Хуманост на  21 декември, петок, со почеток во 16:00 часот во кафе ” Ликвид ”, организираат хуманитарна after work забава.

З забавата после напорниот работен ден ќе се погрижи охридскиот THE BACKDOOR BAND, а гостите ќе имаат прилика да вкусат домашно приготвени специјалитети од страна на членовите на Ротаракт Клубот.

Влезот ќе биде слободен, а средствата собрани од продадените храна и пијалоци кои ќе бидат по редовна цена, ќе бидат донирани на семејството чија куќа беше опожарена на 29-ти минатиот месец во стариот дел од градот.

OhridNews