Со цел подигање на свеста кај граѓаните за потребната помош и поддршка на ранливото население, Црвениот крст од Охрид организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства.

Инаку, акцијата се организира во рамките на социјално-хуманитарната дејност, по повод одбележување на Неделата на солидарност од 22-30 април, под мотото „Вашиот прилог – значајна помош“.
OhridNews











