На иницијатива на младите волонтери, во рамки на програмата ЦКА- ПХВ, утре, 12-ти април, од 20.30 до 23.30 часот во бистро Корнер, Црвен крст Охрид организира Хуманитарна КАРАОКЕ забава. Влезот е 100 денари плус пијалок, а собраните средства ќе бидат наменети за операција на очи на 15- годишниот охриѓанец Петар.
За тие што сакаат да пеат, да имаат претходно избрано матрица на ЅоуТубе и да се пријават по порака на страната на Клуб на млади на Црвен крст Охрид и да потврдат на влез. https://www.facebook.com/KlubNaMladiOhrid/
Програмата Црвен Крст во Акција-Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) претставува национална алатка за привлекување и задржување на волонтери во Црвениот Крст на Р.Македонија.Истата се имплементира во сите општински организации на Црвен Крст и на годишно ниво обучува околу 1200 младинци,потенцијални волонтери во организацијата и 45 дисеминатори кои работат со младенците.Младите добиваат обука за вредностите на Црвениот Крст,учат за културата како систем од вредности,за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно општество.Исто така во текот на овие обуки тие добиваат и практични знаења како да изработуваат мали проекти за добробит на заедницата во која што живеат,а притоа се охрабрени да ги користат сопствените капацитети за изработка на проектите преку кои помагаат на ранливото население.Во текот на циклусот 2017 година обуката ја поминаа 1247 младинци,и беа изработени 192 мали проекти за добробит на заедниците во коишто живеат. Преку овие проекти тие помогнаа и поддржаа 2687 лица од различни ранливи категории,вложувајќи 28 950 волонтерски часови.
OhridNews












