Во рамките на неделата за промоција на кумани вредности на Црвен крст на Република Македонија, кон која се приклучија младинците од Црвен крст Охрид, вечерва, со почеток од 20.30 часот во НУ Центар за култура “Григор Прличев“ ќе биде изведена театарската претстава “Ромео и дадилката на Јулија“.

Станува збор за манифестација која се организира низ целата земја, а собраните средства младите ќе ги донираат во хуманиратни цели.

На крајот од манифестацијата ќе биде прикажан и краток документарен филм кој го изработија овие младинци, со кој се натпреваруваат за Оскар кој го доделува националното друштво- Црвен крст на Република Македонија.

Цената на билетите е 30 денари.

OhridNews