Во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Струга, вчера се одржа хуманитарна акција во Општина Пустец, Албанија. Целта на хуманитарната акција во која учество зеде и пратеничката Лилјана Затуроска беше да им се помогне за социјално загрозените семејства од оваа Општина, информираат од Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ Струга.


На жителите на Пустец им беше донирана облека, постелнина и книги  од Центарот за култура”Браќа Миладиновци”-Струга .


При посетата беше реализирана и средба со градоначалникот на Општина Пустец, Едмонд Темелко, кој ја искажа својата благодарност за хуманоста на стружанки.


 “Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Струга, ќе продолжи со помошта кон жителите на оваа Општина, а воедно ќе воспоставиме и соработка и помагање во организацијата на Унијата на жени во Пустец. Веќе ги разменивме нашите контакти и во скора иднина ги очекуваме да ни гостуваат во Струга, за поблиску да се запознаат со нашата работа. Се надевам дека со ова ќе се продлабочи нашата соработка”- изјави претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Струга, Жанета Дишлиоска.

OhridNews