Во организација на здружението Анималиа,денес, во кафе барот Галерија, ќе се одржи хуманитарна предновогодишна забава.Хуманите граѓани ќе може да донираат средства потребни за набавка на храна, медицински лекови и хигиенски средства за привремено згрижените бездомни животни.На забавата ќе има и мали кученца кои бараат нов дом, а ќе се иврши и промоција на веган нескафе со оризово/соино млеко.
Процент од продажбата на тој и сите други пијалоци ќе оди како донација од име на кафе бар „Галерија“.
Во периодот од 17-18 часот гостин ќе биде и ветеринар кој ќе дели бесплатни совети поврзани со животните.Предвидени се и одредени изненадувања, меѓу кои и доделување Диплома за најновогодишна слика од домашни миленици.
OhridNews