Утре, со почеток во 10 часот, во дворот на централниот објект на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, ќе се одржи завршна приредба на дечињата од големата група под мотото „Прифатете ја нашата подадена рака заедно да му помогнеме на нашето другарче Александра Суклоска“.

Приредбата ќе има хуманитарен карактер, при што ќе биде одржана продажна ликовна изложба.

OhridNews