На 07.05.2026 во 12 часот СОСУ „Св.Кирил и Методиј”-Охрид во соработка со ЈП „Билјанини извори”-Охрид организира хуманитарна трка „Од срце трчај со срце дарувај за малата Ева”.
Трката ќе се одвива на потегот од почетокот на кејот пред „Харбор“ до почеток на „плажата Горица 1“, со должина од 5 км. Средствата ќе бидат наменети за лекување на малата Ева, информираат организаторите.
Посочуваат дека трката ќе биде во категории ученици, наставници, родители и други возрасни учесници.
Програмата ќе започне во 11.00 часот со кратка програма и загревање на учесниците. Кутии за донации ќе бидат поставени во должина на Кејот Македонија, посочуваат.
Сите заинтересирани може да се пријават на линкот или во просториите на училиштето.

OhridNews












