По повод роденденот на прерано почината музичка ѕвезда Тоше Проески вечерва, волонтерите на општинскиот Црвен крст, организираат хуманитарна забава  во клубот ,,Харем“. Влезницата со вклучен пијалок ќе чини 100 денари.


Собраните средства од забавата која традиционално се одржува секоја година, се наменети за поддршка на малите проекти во рамки на програмата Црвен Крст во Акција – Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) , која претставува Национална алатка за регуритирање и задржување на волонтерите во редовите на организацијата на Црвениот Крст, која изминатата година одбележа 15 години од процесот на својата имплементација на целата територија на Република Македонија.

OhridNews