Во соработка со охридските дискџокеи, а по повод тригодишнината од смртта на ди-џеј Мравка, Црвен крст Охрид организира хуманитарна забава која ќе се одржи вечерва, 14-ти номеври во ноќниот клуб „Хавана“ со почеток во 21:00 ч. За вечерта да биде исполнета со музика за сите вкусови, ќе се погрижат DJ’s Danko, Zlatko mm, Volf, Jane, Face Ace, YuXeLL, Buce  и многу други.


Влезницата чини 60 денари, а собраните средства ќе бидат наменети за помош на деца од социјално загрозени семејства од Охрид и Дебарца, соочени со сериозни здравствени проблеми.

Познатиот охридски диџеј Јован Слатинец – Dj Мравка, ненадејно почина на 15-ти ноември 2009 година во  дваесет и деветтата година од животот. Dj Мравка на охридската клубска сцена беше присутен  десетина години и беше еден од предводниците на новата генерација диџеи во Охрид. Клубската денс музика беше препознатливиот стил на Dj Мравка кој воодушевуваше со неговата непосредност, ведар дух и позитивен карактер. Беше почитуван и омилен кај колегите, респектиран од посетителите на неговите забави.

OhridNews