Urban street car club од Охрид во недела организира хуманитарна забава за собирање средства за помош на 21 годишниот Мухамед Максуд – Муки.

За таа цел, нашиот клуб организира хуманитарна забавa каде ќе биде изложени нашите автомобили, ќе има забава со DJ, а воедно ќе биде изложена и кутија за донации. Ќе може да се купат стикери и мириси за во автомобил со нашето лого, а сите пари ќе бидат донирани, велат од Клубот.
Хуманитарната забава ќе се одржи на паркинг пред спортската сала “Билјанини извори” во период од 12:00-17:00 часот.
OhridNews













