Хуманитарната акција која ја поддржаа „Рибарите“ за навивачот е успешна
12.12.13 10:31
Хуманитарната акција која ја поддржаа сите навивачки групи во Македонија вклучувајќи и охридската „Рибари“ е успешна откако Андреј се врати во Битола. За неговото лекување во Турција беа потребни финансиски средства кои неговата фамилија неможеше да ги обезбеди. Навивачките групи низ Македонија се обединија и сите заедно ги обезбедија средствата за лекување на Андреј.
Покрај хуманитарни средства битолчани организираа турнир кој беше наменет за собирање средства за Андреј. На тој турнирот учествуваа и „Рибарите“ и за помош на Андреј му ги пружија двете раце.
– Почитувани, сакаме да ве известиме дека хуманитарната акција која ја спроведовме ова лето за нашиот другар Андреј е целосно успешна. Андреј минатата среда се врати од долгото лекување во Турција,сега е добар и закрепнува. Од наше име а и од името на Андреј сакаме да ви изразиме на сите уште еднаш голема, голема благоарност за одвоените средства ,потрошената енергија и несебичната подршка која ја издвоивте во име на хуманоста за Андреј. Затоа уште еднаш БЛАГОДАРИМЕ МАКЕДОНИЈА ! ! ! – стои во соопштението од „чкембарите“.
Тогаш „Рибарите“ на полигонот за спортски натпревари и на градскиот плоштад собираа хуманитарни средства и му помогнаа на Андреј да се врати каде што му е местото на трибината.
Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хемпден парк“ во Глазгов, во петтото коло од групата Б1 во Лигата на нации „Црвено-жолтите“ го постигнаа првиот гол во ова издание...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...