Во организирација на медиумската заедница, Црвен крст и општина Охрид, попладнево на градскиот плоштад се одржува хуманитарен настан за да му се помогне на 11 момче од Охрид кое итно мора да замине на операција во Кина, која чини 35.000 евра.

Настанот на градскиот плоштад ќе трае до 17 часот, а хуманите граѓани можат да донираат средства и од мобилен телефон на сите оператори:

ОНЕ –  075 143 113

ВИП –  077 143 155

Т-мобиле –  070 143 105

Или на следнава жиро сметка: 530500017615254 Охридска Банка.

Како дел од хуманитарната акција, утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“  ќе се прикажува популарното кабаре шоу “2 Mothers Brothers” на охридските актери Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.

OhridNews