Со цел да се соберат средства за набавка на специјално возило за лицата со посебни потреби, хуманитарни активности ќе се одржат и во текот на наредните два дена.
Во рамки на „Декември- месец на отворено срце“, утревечер, во лаунџ барот „Објектиф“ ќе се оддржи хепенинг кој заеднички го реализираат претпријатието „Отпад“, јавното комунално претпријатие, локалната самоуправа, Ротари клубот од Охрид, Лајанс клубовите Десарети и Лихнидос, училиштата од општина Охрид и други институции и невладини организации. Настанот ќе започне во 22 часот, а за веселата атмосфера ќе се погрижи познатиот охридски бенд „Камелеон“.
Во среда, со почеток во 12 часот, во спортската арена „Атина Бојаџи“ ќе се одржи традиционална предновогодишна детска забава .
На забавата ќе настапат ѕвездичките од „Распеано рибарче“, Ѓоко Танески, Денис Мурат, Боби Мојсоски и други, а ќе бидат изведени и пригодни точки од ученици.
Влезот за најмладите изнесува симблични 10 денари, за професорите 20, а на публиката ќе и биде оставено да донира онолку колку што може и сака.
Поради настанат дефект на водоводната мрежа, денес од 11:40 часот неколку часа без вода ќе бидат корисниците во село Пештани, информираат од ЈП Водовод Охрид Посочуваат дека екипи на претпријатието...
Традиционално и оваа година „Home center“ на компанијата „Ангел Тренд“ кој е сместен во деловниот комплекс кај кружниот тек на ул „15 Корпус“, наспроти ЕМУЦ, организира Новогодишен саем со големи п...
Денеска срцaтa на охриѓани чукаат посилно од кога и да е, кога можеме гордо, во слобода, да се сетиме на заветот на младите борци срочен во синтагмата: „СЛОБОДА ИЛИ СМРТ!“ Ваквиот цврст став на наш...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.