Со цел да се соберат средства за лекувањена малиот Кирил Митрески, кој треба да биде подложен на скап третман во Израел, кој може да чини од 70 – 90.000 евра, вечерва со почеток во 22 часот во кафе барот „Ликвид“ ќе биде организиран хуманитарен концерт.
На концертот ќе настапат The backdoor band, Betty’s boobs, Дамјан Пејчиноски и Балкан Џем. Сите средства кои ќе бидат остварени од продажба на влезниците и oд прометот од продажба на пијалаци и кафе, барот „Ликвид“ ќе ги донира на сметката за донации на Кирил.
Хуманитарен концерт ќе биде организиран и утре на 2-ри март 2016 година во Центарот за култура во 20 часот. На концертот ќе настапат Емилија Маринова, Горан Папаз и Филип Стојкоски – Зизи со нивниот музички проект “Smile, Dance, Love”, групата „Камелеон”, Ѓоко Танески и актерите Стрезо Стаматовски, Никола Тодоровски и Филип Кипровски.
Настанот е поддржан од OhridNews и медиумската заедница, а се очекува активно да се вклучат во него и невладините организации од градот. Собраните средства исто така ќе бидат донирани за спас на малиот Кирил.
OhridNews