Хуманитарните паркинзи од денес се во функција информираат од ЈП „Билјанини Извори“ и упатуваат апел до охриѓани и гостите да ги користат што повеќе.
Како што претходно информираа од Општина Охрид граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели.
Средствата кои ќе бидат сорбани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно, потенцираа од Општина Охрид, додавајќи дека за почеток предвидени се две паркинг места на улица „Кеј Македонија“ да бидат посебно обележани, а во иднина планот е хуманитарни паркинзи да се обележат на повеќе локации низ градот.
Инаку, носител на проектот е ЈП „Билјанини извори“, додека Општина Охрид е прва општина во Македонија која воведува ваков тип на паркинг простор.













