Хуманитарно-меморијален планинарски марш „Трајан Целески – Тачо“ во чест на неговиот прерано згаснат живот ќе се одржи во  сабота, 7-ми ноември. Истиот ќе започне во близина на неговиот дом т.е. на спортското игралиште кое неодамна во негова чест беше именувано со неговото име.

После шест години од прераната смрт на нашиот „брат“ Тачо, споменот за него не бледнее. Неговата ведрина и дух се сеуште инспирација за многу од нас да се себенадминуваме, да помагаме. Традицијата нека се раѓа спонтано, велат организаторите.

Патеката, посочуваат дека започнува од нас. Видобишта – манастир Свети Никола, Велгошти и назад, а истата е умерена и е во должина од 10км во двата правци.

Водич на турата ќе биде Дејан Ангелоски, апсолутен шампион во планинско трчање кај нас и повеќекратен победник на меѓународни трки во скајранинг,

Ве молиме со Вас понесете вода, храна како и топла облека. Малолетните лица треба да се во придружба на возрасни. Секој учесник учествува на сопствена одговорност. Доброволни прилози ќе може да се остават во хуманитарни кутии на ОО „Црвен Крст“ од Охрид, додаваат организаторите.

Воедно, посочуваат дека повеќе информации може да се добијат на броевите 078 668 353 и 078 355 291.

OhridNews