Во текот на вчерашниот ден, општинскиот Црвен крст на градскиот плоштад организира хумантирана акција за собирање средства за помош на 18-годишната Ангела, која боледува од рак на коските и во среда мора да замине на операција во Виена, Австрија.

Здравствениот фонд на Република Македонија ги покрива трошоците за операцијата, но не и трошоците за патување кои изнесуваат 2 500 евра.

Ангела на оваа операција треба да патува утре и за таа цел се молат сите хумани луѓе да дадат свој скромен придонес на средства со кои ќе и помогнат да стигне на операцијата која за неа живот значи.

Сите заинтересирани хумани граѓани, средствата можат  да ги уплатат на следната сметка:

НЛБ Тутунска Банка
Златко Попоски
210501646252621

O.T.