Во организација на ЛК Лихнидос, вечерва во 19 часот во големата сала на општината ќе одржи хуманитарен концерт, на кој ќе настапат професорите Даниел Чуркоски и Емилија Маринова и младите музички таленти: Еда Шазиман, Ивона Базгалоска, Огнен Секулоски, Даниел Мојсоски, Мила Коруноска и Климент Ѓорѓиоски.
Влезот чини 100 денари, а секој посетител ќе добие хуманитарна честитка.
Средства собрани од концертот ќе бидат наменети за реализација на иницијативата за набавка на специјално возило за лицата со посебни потреби, и други хуманитарни цели.
ЛК „Лихнидос“ се придружи на големиот број невладини и хуманитарни организации, претпријатија и институции во градот, кои заеднички ја реализиараат акцијата „Декември – Месец на отворено срце“ која има за цел да се соберат потребните средства за купување специјално возило за лицата со посебни потреби.