Денеска во спортската арена „Атина Бојаџи“, традиционално се одржа предновогодишна детска забава од хуманитарен карактер. Учениците од основните и средни училишта од градот, заедно со родителите и професорите  донираа за најранливата категорија деца во општетството.

Манифестацијата беше подржана од општинската организација на Црвениот крст, чии волонтери помагаа во собирањето средства. Како што тие потенцираа, целта е да се потикне хуманоста кај децата уште од најрана возраст.

Настанот беше зботатен со настап на ѕвездите од детскиот фестивал „Распеано рибарче“, Ѓоко Танески, Денис Мурат, Боби Мојсоски и други хумани естрадни уметници. Предновогодишниот настап е дел од проектот „Декември – Месец на отворено срце“,  чии средства ќе бидат искористени за набавка на специјално возило на лицата со посебни потреби од општината.

OhridNews