Празниците се моменти и за солидарност и хуманост. Доказ за тоа е акцијата иницирана од Лајонс клубот „Лихнидос“ и манифестацијата „Зимска бајка“ во продукција на OhridNews, на која се придружија останатите лајанс клубови од градот: Охрид, Деница и Десарети, која се реализира за Божиќните празници.
Имено, со поддршка на помагателите Пе Логистик, Топ Маркети, Битолска млекара и студенти на ФТУ Охрид, беа комплетирани 30 пакети со храна, за семејства од социјално ранливи категории.
Некој со пари, некој со продукти, пакување, дистрибуција. Но, сите заедно ангажирани успеавме да украдеме насмевки од 30 социјално ранливи семејства во Охрид. – истакнаа учесниците во акцијата.
OhridNews