Во рамки на активностите од социјално-хуманитарна дејност, а по повод Неделата на Црвениот крст на Република Северна Македонија, денес, Црвен крст Охрид се приклучи кон благородната иницијатива на охридската хуманистка Весна Миленкоска – „Зготви и подари“.
Оваа хумана акција, која трае веќе повеќе од четири години, секој последен четврток од месецот носи оброк на семејства во социјален ризик, со поддршка од хуманите граѓани на Охрид.
Денес, со помош на волонтерите од Клубот на млади при Црвен крст Охрид, беше приготвен и доставен оброк до семејство на кое му е најпотребна помош. Заедно покажавме дека секој гест на добрина има моќ да донесе промена, велат од Црвен крст Охрид.
Посочуваат дека целта на оваа заедничка акција е поттикнување на солидарноста, подигнување на јавната свест за донирање храна, како и оддршка за оние кои немаат можност за редовни дневни оброци.
Ова година охриѓани го прославија празникот Водици и во швајцарскиот град Цуг Мал круг “велики љјуди” (шо би рекол покоен Масимо), се собравме да го прославиме денешниов ден со мезе, па...
Дваесет и четири годишниот Петар Чакарески го извади светиот крст од водите на реката Црн Дрим во Струга Тој беше најсреќен меѓу стотиците верниции кои денеска влегоа во студените речни води во Стр...
Скокот на браќата Лотески во студените езерските води е заштитен знак на одбележувањето на празникот Водици во Охрид Јован и Климе и оваа година ја продолжија традицијата Со одела тие скокнаа во ст...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.