Капитенот на Борусија Дортмунд, Мет Хумелс демантира било каков пред договор со Манчестер Јунајтед откако во јавноста се појави „скриен дил“ со Сер Алекс Фергусон.
– Не се имам со никој клуб договорено и со ова нека им биде на сите јасно. Одлуката за продолжување на кариерата ќе ја донесам по завршување на сезоната и ќе ја соопштам. – рече Хумелс.
Германскиот репрезентативец се наоѓа на врвот од листата желби на Луис ван Гал, а тимот од Олд Трафорд е подготвен да исплати 40 милиони евра за неговите услуги.
Мх.П.