Се повеќе и повеќе се поврзува капитенот на Борусија Дортмунд , Мет Хумелс со трансфер во англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед.


Германските медиуми покрај Хумелс сега на Олд Трафорд го носат и Илкај Гундоган, а „црвените ѓаволи“ би исплатиле 50 милиони евра за услугите на двајцата фудбалери.

Со евентуално доведување на овие двајца фудбалери менаџерот на „ѓаволите“ Луис ван Гал ќе реши голем дел од проблемите во одбраната и во средниот ред од теренот.

Јунајтед е сериозно заинтересиран за услугите на холандскиот репрезентативец Мемфис Депај, кој блеска во дресот на ПСВ Ајндховен.

Мх.П.