Тренерот на Борусија од Дортмунд, Јирген Клоп, шпекулациите дека Марко Ројс и Матс Хумелс ќе заминат од клубот, ги оквалификувал како бесмислици.
Англиските медиуми, во понеделникот, пренесоа дека Манчестер Јунајтед преговара за трансферот на Хумелс за сума од 20 милиони евра, а дека за Ројс биле заинтересирани Барселона и Ливерпул.
„Двајцата ќе останат тука. Нема индиции дека некој од нив сака да замине. Напишале дека за Хумелс ќе бидат платени 20 милиони евра? Кога медиумите ќе споменат таква сума тогаш знаете дека тоа се бесмислици“, истакнал Клоп.
Хумелс беше еден од најдобрите играчи на Германија на Мундијалот во Бразил, на кој неговата репрезентација ја освои титулата, додека Ројс поради повредата со која се здоби пред почетокот на СП, не беше дел од репрезентацијата која ја освои четвртата титула светски првак.
„Макфакс“