Најголемото разочарување во Бундес лигата сезонава, Борусија Дортмунд во јануарскиот преоден рок најверојатно ќе остане без капитенот Мет Хумелс.


Германскиот фудбалер е желба на повеќе европски великани, но управата на „милионерите“ на Хумелс му дава само две опции кои се исплатливи за клубот, а тие се да бира меѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Договорот на дефанзивецот истекува 2017 година, а „ѓаволите“ и „топчиите“ се подготвени да платат најмногу за неговите услуги.

Мх.П.