Германскиот репрезентативец Метс Хумелс одново е топ тема во англиските медиуми, но овој пат за евентуален трансфер во Челси.
Хумелс минатото лето многу пати беше поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед, но Германецот потпиша нов договор со „милионерите“.
Клаузулата во неговиот договор одново го прави интересен за клубовите од Премиер лигата. „Сините“ во Хумелс гледаат столб во одбраната кој недостига по најавеното заминување на Џон Тери.
Германскиот весник „Билд“ пренесува дека двата клубови почнале првични преговори за трансфер на 27 годишниот дефанзивец.
OhridNews