Бундеслигашот Борусија Дортмунд доживеа елиминација од Лигата на Шампиони откако два пати претрпе пораз од италијанскиот првак Јувентус во 1/8 финалето.
Пласманот меѓу осумте најдобри „бјанконерите“ го најавија во третата минута со погодокот на Карлос Тевез, а до крајот стрелаа уште два пати за убедлив триумф 3-0.
– Рано примениот гол нè шокираше. Во текот на целиот натпревар ние не успеавме да создадеме сериозна прилика пред голот на Јувентус. Во продолжението го загубивме нашиот ритам на игра, па на крајот заслужено загубивме. – рече Метс Хумелс и додаде. – Не можеме да кажеме дека бевме на нивото на Јувентус. Тие заслужено победија и се пласираа во четврт-финалето.
За четвртфиналето во ЛШ паровите ќе бидат извлечени в петок во 12часот.
Мх.П.