Богатите понуди се редеа за неговиот потпис, но Мет Хумелс на се оддолеа и одлучи да го продолжи договорот со Борусија Дортмунд.
Германскиот репрезентативец потпиша нов три годишен договор кој ќе го задржи на „Сигнал Идуна Парк“ до 1 јули 2017 година.
Хумелс најмногу беше поврзуван со Манчестер Јунајтед, но ништо не се случи од неколку пати „договорениот трансфер“.
– Секогаш имаше гласини за мојата иднина, без јас да дадам никаков коментар. Одлучив да останам во Дортмунд минимум уште една сезона. Голема чест за мене и за клубот беше големиот интерес од Манчестер Јунајтед, но не жалам воопшто дека останав во тимот на Борусија. – рече Хумелс.
Ohridnews