Германскиот фудбалски гигант Баерн Минхен не успеа да се квалификува во големото финале од Лигата на Шампиони, откако изгуби од Реал Мадрид во полуфиналниот двомеч со вкупен резултат (4-3). Поразот 2-1 во Минхен и кардиналните грешки во двата натпревари „баварците“ ги платија со елиминација.

– Ние му подаривме два голови на Реал Мадрид на двата натпревари кои ги одигравме во полуфиналето. На ниво во кое ние игравме оваа сезона тоа не смееше да се случи и вината за елиминацијата мора да ја побараме во нашите редови. Во текот на двата мечеви имавме посед, игра и шанси, но грешките кои ги направивме многу не чинеа. – изјави Метс Хумелс.

Разочарувањето во составот на Баерн Минхен после елиминацијата беше голема, а Давид Алаба ја пренесе и во изјава после мечот на Сантијаго Бернбаеу. – Кога ќе стигниш до полуфиналето и ќе изгубиш разочарувањето е многу големо. Со играта и желбата и покрај негативата заслуживме да играме во финалето, но таков е фудбалот.

ЛШ: Сантијаго Бернабеу трепереше, Реал Мадрид прв патник во Киев (видео) 

OhridNews