Благодарание на гол разликата екипата на Борусија Дортмунд ја избегна последната позиција во Бундес лигата. На дното од табелата се наоѓа Фрајбург, кој има „минус“ гол разлика наспроти „милионерите“ кои имаат +1 (19-18).
– Скоро секој наша играч беше повреден во текот на оваа полусезона. Слаби сме физички и тоа е нашиот најголем проблем. Исто така игравме и лошо што е уште повеќе загриживаучки. Од овој аспект гледам место за подобрување, но ништо не мора да значи – рече капитенот Мет Хумелс.
Со истиот ростер на фудбалери Дортмунд прв во Лигата на Шампиони обезбеди пласман во нокаут фазата.
Покрај слабите резултати управата на бундеслигашот изрази доверба во стратегот Јирген Клоп, кој го препороди европскиот првак од 1996 година.
Мх.П.