Актуелниот шампион во Бундес лигата, Баерн Минхен по тренерската смена Хуп Хејкенс-Карло Анчелоти заличи на себе и го презеде врвот во германскиот фудбалски шампионат.

Германските медиуми информираат дека Хејкенс нема официјално потпишано договор со „баварците“ и дека работи со усмен договор склучен со првиот човек на клувот, Ули Хенес.

– Да, немам договор.Извршниот директор секогаш ми вика да го потпишам договорот, но јас немам време и не се оптоварувам со тоа, бидејќи уживам во работењето во Баерн Минхен. – изјави Хејкенс.

Фудбалерите на минхенски Баерн победија на 9 од 11 натпревари во Бундес лигата по доаѓањето на Хејкенс и моментално имаат шест бодови предност во однос на второпласираниот Лајпциг.

OhridNews