Охридскиот Таеквондо клуб “Хваранг
Фист“ ги избра најдобрите за 2001 година, така во пионерска категорија
најдобри се Петар Стефаноски и Елена Симоноска, во кадетска конкуренција
најдобри се Филип Јосифоски и Александра Нестороска , додека кај 
јуниорите Борче Јованоски и Емилија Симоноска 
го понесоа епитетот најдобри.


Изборот
за најдобар таеквондист не е само тоа како спортистот се однесува за
време на натпреварите и тренинзите, туку и како се оформува како
личност. Таеквондото не е само спорт, тоа е и начин на живот
–  рече меѓународниот инструктор чеврти дан Ацо Јосифоски.

Посебна благодарност од клубот за веб порталот Ohridnews 

М.П.