Во водите на Преспанското Езеро, деновиве, полициските службеници пронашле 32 рибарски мрежи со улов на два килограми „белвица“.

При вршењето на патролна служба, полицијата во периодот меѓу 11 и 14 часот ги пронашле рибарските мрежи, кои се преданени во полицискатата станица во „Стење“. Се преземаат мерки за откривање на рибокрадиците, а за овој случај ќе се води понатамошна постапка.

Инаку, мета на рибокрадиците во изминатиов период, беа и „белвиците“ во Охридското Езеро, кои на црниот пазар достигнуваат висока цена.

OhridNews