Шпанскиот стручњак Рафа Бенитез на своја кожа ја почувствува магијата на Лестер претрпувајќи пораз (1-0) на дебито на клупата од Њукасл. 


Фудбалерите на Лестер со победата над „страчките“ ја одржаа предноста пет бодови од второпласираниот Тотенхем на табелата во Премиер лигата.


Стрелец на победничкиот погодок за „лисиците“ беше Шинџи Оказаки кој со „ножички“ ја погоди мрежата на гостите.


Њукасл, пак, со овој пораз остана на претпоследната позиција на табелата и не успеа да извлече позитивен резултат на дебито од Бенитез.

OhridNews