Челниците на Бундес лигата ќе го следат примерот на англиската Премиер лигата и ќе го скратуваат трансфер период во летниот преоден рок.
Бундеслигашките екипи ќе можат да купуваат играчи се` додека не е започната сезоната. После првиот одигран натпревар од новата сезона трансфер периодот завршува.
Англичаните вака се одлучија најмногу по барање на менаџерите кои се жалеа за купување на дел од важните фудбалери по започнувањето на сезоната.
Летниот преоден рок во Германија ќе се намали за две недели, додека во Англија ќе се намали за три, бидејќи Премиер лигата започнува еден викенд пред Бундес лигата.
Новиот предлог ќе биде ставен на гласање пред клубовите кои ќе го имаат последниот збор околу периодот на летниот трансфер рок.
OhridNews